Достапни линкови

Нови кривични пријави против Навални


Критичарот на Кремљ и антикорупцискиот блогер, Алексеј Навални се соочува со нови кривични пријави. Полицијата направи рација во неговиот стан во Москва вчера рано изутрина поради сомневање за поврзаност со случај на измама. Неколку часа подоцна, Истражниот комитет на Русија објави дека пронашле слика за којапостои сомневање дека е украдена од улиците на Владимир, на околу 170 километри североисточно од Москва. Прокремљската веб-страница "LifeNews", рече дека цртежот бил "украден" од Ѓорѓи Албуров, кој е близок на Навални. Адвокатот на Навални, Вадим Кобзев, рече дека Албуров имал намера да објави исражувачка статија за раскошните домови на кремљските пратеници. Кобзев исто така, рече Навални го добил цртежот како роденденски подарок и дека претресот е нов обид "да се изврши притисок врз него."
XS
SM
MD
LG