Достапни линкови

Протести во Кабул поради наводна изборна измама


Поддржувачите на авганистанскиот претседателски кандидат Абдула Абдула излегоа на улични протести против наводната изборна измама. Голем број активисти маршираа низ улиците на Кабул извикувајќи слогани против Независната изборна комисија (IEC). Протестите беа мирни. Абдула, поранешен министер за надворешни работи, ги обвини членовите на изборните органи и други дека се обидуваат да ги монтираат резултатите од вториот круг од претседателските избори одржани на 14 јуни во корист на Ашраф Гани, поранешен министер за финансии .Абдула изјави дека нема да признае никакви резултати објавени од страна на изборната комисија и ги повика Обединетите нации да го надгледуваат пребројувањето на гласовите. Наводите за изборна измама предизвикаа политичка криза пред повлекувањето на војниците предводени од НАТО до крајот на 2014.
XS
SM
MD
LG