Достапни линкови

Започнува „Скопско лето“


Со гала оперски концерт на Македонската опера и балет вечер, на Светскиот ден на музиката и на почетокот на летото, ќе почне 35. летна културна манифестација „Скопско лето“. Поради нестабилното време, концертот ќе биде изведен во МОБ наместо на плоштадот „Филип Втори Македонски“ како што првично беше најавено.
Ќе настапат солистите, хорот и оркестарот на МОБ под водство на диригентката Бисера Чадловска. На програмата се арии од „Кармен“ на Бизе, „Риголето“ и „Набуко“ од Верди, „Кавалерија рустикана“ на Маскањи, „Севилскиот бербер“ на Росини, арии од „Боеми“ и „Мадам Батерфлај“ на Пучини, од „Лилјакот“ на Штраус, „Хофманови приказни“ на Офенбах...
Покрај свеченото отворање во МОБ, на првиот ден од фестивалот во Мала станица ќе биде претставен мултимедијалниот проект на Гоце Наневски - „Мо(ну)мент, како и целодневен настап на улични музичари во организација на Универзалната сала.
Во 40-те дена фестивалска програма ќе бидат изведени голем број концерти, театарски претстави, перформанси, премиерни изведби.
XS
SM
MD
LG