Достапни линкови

Путин телефонски му искажал поддршка на Малики


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со ирачкиот премиер Нури ал Малики со цел да му ја искаже поддршката на Москва за борбата против офанзивата на милитантите. Според соопштението на Кремљ, Малики го информирал Путин за неговите чекори во борбата со терористичката група на северот од Ирак.
Според Малики, бунтовниците претставуваат закана по безбедноста на целиот регион. Путин ја нагласил целосната поддршка од страна на Русија за операциите на ирачките власти за ослободување на територијата од терористите.
XS
SM
MD
LG