Достапни линкови

Завршија преговорите за нукеларната програма на Иран


Иран и шесте светски сили ја завршија петтата рунда од нуклеарните преговори, која се одржа во Виена. Портпаролот на ЕУ, Мајкл Ман изјави дека повторните преговори ќе се одржат на 2 јули, при што земјите го зпаочнале процесот за изготвување на конечниот договор со цел да се стави крај на спорот за нуклеарната програма на Техран.
Според него, двете страни работеле напорно и презентирале голем број на идеи за сите прашања. Шесте светски сили кои преговараат со Иран се САД, Русија, Кина, Франција, Британија и Германија.
XS
SM
MD
LG