Достапни линкови

Стејт Департмент-Македонија сериозно се справува со трговијата со луѓе


Во годинешниот извештај на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе, Македонија е ставена во групата 1, на држави кои сериозно се справуваат со проблемот и ги исполнуваат препораките за запирање на трговијата со луѓе. Но, во извештајот е наведено дека е потребно интензивно истражување, гонење и осудување на трговците со луѓе и нивните помагачи, обука на социјалните работници и невладините организации и поддршка за групите кои се особено на удар, како што се децата кои питачат на улиците. Стејт департментот забележува за намалениот број на истраги и пресуди за трговците со луѓе, и препорачува Ромите принудени на питачење да се регистрираат како жртви на трговија со луѓе.
Две третини од македонските граѓани кои се жртви на тргување со луѓе се малолетници на возраст од 12 до 18 години. Во Македонија, според извештајот, најмногу има случаи на жртви на трговија со луѓе принудувани да даваат сексуални услуги и тоа од Албанија, Бугарија, Србија, Босна, Украина и Косово.
XS
SM
MD
LG