Достапни линкови

Папата Францис против легализација на марихуана


Папата Францис

Папата Францис

Папата Францис изјави дека легализацијата на дроги како марихуаната е неуспешен експеримент. Тој говорејќи на меѓународната конференција против дрогата во Рим порача и дека проблемот со употреба на наркотичните средства не се решава со други дроги.
Папата, кој поголемиот дел од времето како архепископ во Аргентина го посветил лечејќи зависници од дрога нагласи и дека легализирањето на дрогата претставува предавање кон феноменот. Минатата година Уругвај ја легализираше марихуаната, а претходно тоа го сторија и Вашингтон и Колорадо.
XS
SM
MD
LG