Достапни линкови

Шумахер тешко дека ќе се опорави, тврди швајцарски неуролог


Швајцарскиот неуролог, Ерих Рајдер ги отфрли денеска шпекулациите за брзо опоравување на германскиот автомобилски шампион Михаел Шумахер, откако тој ја напушти болницата во Гренобл. Рајдер во интервју за швајцарскиот интернет сајт „20 Минутен“ изјави дека малку веројатно e оти Шумахер ќе се опорави, а поверојатно е дeкa ќе остане инвалид до крајот на својот живот.
Рајдер, кој важи за експерт во случаи на пациенти во кома, порача дека пред Шумахер претстои долга и тешка рехабилитација, поради низа сериозни оштетувања, иако позитивно е тоа што се разбуди по шест месеци поминати во кома. Според него, голем напредок ќе биде доколку Шумахер успее за три месеци да седнува без помош, а за шест месеци да може да управува со електрична инвалидска количка.
XS
SM
MD
LG