Достапни линкови

ВИДЕО: Актерката Емра Куртишова не може во странство оти е Ромка


Македонска актерка не може во странство оти е Ромка
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:07 0:00

Македонска актерка не може во странство зашто е Ромка

На актерка Емра Куртишова властите не ѝ дозволиле да отпатува кај сестра ѝ во Германија, со изговор дека ги нема потребните документи. Таа вели дека е вратена од граница, оти е Ромка.

Зошто имам пасош, кога не смеам да излезам од државава, прашува младата актерка Емра Куртишова, вработена во Театарот за деца и младинци, откако властите не ѝ дозволиле да отпатува кај сестра ѝ во Германија. Иако ги имала потребните документи за патување, како потврда од работа, гарантно писмо дека сестра ѝ финансиски ќе ја издржува и 500 евра во кеш, вработениот на пасошка контрола на аеродромот Александар Велики проценил дека таа не може да отпатува.
Очигледно беше дека бара влакно во јајцето, народно кажано. Стана и ме однесе во друга просторија каде ја поништи картата. Го прашав дали ми ја поништува картата, ми одговори дека Визер се нискобуџетна компанија, така што не е страшно. Занемев, верувајте, занемев. Бев единствената Ромка во авионот којшто требаше да летне и ме вратија. За 28 години никогаш помизерно не сум се почувствувала.
Емра Куртишова, актерка.


„Очигледно беше дека бара влакно во јајцето, народно кажано. Стана и ме однесе во друга просторија каде ја поништи картата. Го прашав дали ми ја поништува картата, ми одговори дека Визер се нискобуџетна компанија, така што не е страшно. Занемев, верувајте, занемев. Бев единствената Ромка во авионот којшто требаше да летне и ме вратија. За 28 години никогаш помизерно не сум се почувствувала“, раскажува Куртишова.
илустрација.
илустрација.


Од МВР велат дека таа не ги исполнувала формалните услови, па затоа била вратена, односно со себе не носела доволно пари за временскиот период и немала гарантно писмо. Од таму велат дека таа, како и секој граѓанин, може да упати претставка во внатрешната контрола на МВР, која ќе биде разгледана.

Куртишова вели дека градот во кој престојува сестра ѝ е туристичко место и не издаваат гарантни писма, а писмото во кое сестра ѝ наведува дека ќе ја издржува за време на престојот има печат од градот. Таа вели дека работата ќе ја тера до крај и нема да остави да се одвива по народната „секое чудо за три дена.“

Примерот со Куртишова не е единствен. Нашето радио досега објавуваше за враќање на луѓе од граница. Нашата дописничка од Куманово Светлана Антиќ Јовчевска пишуваше за Ромите од населбата Средорек, кои се жалат дека не можат ниту во Србија да влезат за сезонска работа, кај роднини, па ни поради смртен случај, бидејќи ги враќаат уште на македонска граница, под претпоставка дека ќе заминат да бараат азил во некоја европска земја.

„Има и голема дискриминација, особено за нас Ромите. На граница не нè пуштаат. На граница, Табановце, ќе те вратат. Во Црна Гора не можеш да одиш, мора да имаш гарантно писмо.“

„Ние пак поминуваме, имаме луѓе таму. Има „канали“, црни, жолти, бели, ние поминуваме преку црни. Поминуваме со комби, со коли, и даваме по 50 евра за човек. Имаме луѓе кои работат, вработени се државно и сакаат уште, а сиромавиот плаќа секогаш. Сиромавиот плаќа два пати, богатиот јаде десет пати.“

„Имам роднини во Србија, и за смртен случај не нè пуштаат. Велат дека ќе бараме азил. Штом ќе видат Ром, вика симни се. Зошто?, раскажуваа жители на кумановски Средорек.

Случајот со Куртишова предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Активистите за човекови права во овој случај нотираат класична дискриминација.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG