Достапни линкови

Харли Дејвидсон промовира електричен моторцикл


Американскиот производител на моторцикли Харли Дејвидсон го промовираше нивниот прв електричен модел. Производителот за да ја тестира реакцијата на пазарот ќе испрати триесет црни мотори на турнеја низ САД. Турнејата ќе биде продолжена наредната година и во Канада и Европа, но од Харли Дејвидсон соопштија дека се уште не планираат електричните моторцикли да ги стават на продажба. Моторциклите развиваат максимална брзина од 150 километри на час, а со една батерија може да се поминат 200 километри. За дополнување на батеријата потребен е околу еден час.
XS
SM
MD
LG