Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат борбите кај рафинеријата во Ирак


Продолжуваат борбите помеѓу безбедносните сили и сунитските милитанти кај најголемата ирачка нафтена рафинерија Баиџи, северно од Багдад. Милитантите предводени од Исламистичката држава на Ирак и Левант, кои ја презедоа рафинеријата на почетокот на неделата, напредуваа кон Багдад откако освоија неколку територии на северниот дел на земјата. Американскиот претседател Барка Обама изјави дека САД ќе испратат 300 воени советници со цел да помогнат во борбата со милитантите.
XS
SM
MD
LG