Достапни линкови

Најмалку 7 украински војници загинаа во источна Украина


Про - руски сепаратисти во регионот на Доњецк

Про - руски сепаратисти во регионот на Доњецк

Најмалку 7 украински војници загинале во жестоките борби меѓу украинските сили и про-руските сепаратисти кои и денеска се водат главно во регионот на Доњецк во источна Украина.

Украинските сили тврдат дека убиле 300 бунтовници но тоа не може да се потврди. Во битките учествувале околу 4 илјади сепаратисти, а украинската армија била подржана од тенкови и артилерија.

Борбите ескалираа вчера откако про-руските сепаратисти одбија да го положат оружјето, што е дел од планот на претседателот Петро Порошенко за мировни преговори кој треба да биде објавен.
XS
SM
MD
LG