Достапни линкови

Десетмина загинати во поплави во Бугарија


Најмалку 10 лица загинаа, а десетина други се водат како исчезнати во поплавите што го зафатија црноморскиот град Варна, предизвикани од поројните дождови што деновове врнат во повеќе делови на Бугарија.

Раководителот на регионалната полициска управа во Варна, Николај Калчев синоќа нагласи дека не може да го прецизира точниот број на исчезнати лица, нагласувајќи при тоа дека поголемиот дел од Варна е под вода.

Бугарските телевизии емитуваа снимки од Варна на кои се гледаат поплавни улици, при што нивото на водата на одредени места достигнува и до еден метар. Во градот се испратени сапувачи екипи, кои им пружаат помош на настраданите.

Делови на Бугарија последниве денови се зафатени од поројни дождови и град, кои предизвикаа повеќе дефекти во електро бреносниот систем.
XS
SM
MD
LG