Достапни линкови

Поповски и Јолевски на редовен годишен состанок Македонија- НАТО


Министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Попоски и Зоран Јолевски денеска ќе учествуваат на редовниот годишен состанок на Република Македонија со Северно-атлантскиот Совет на НАТО, на ниво на амбасадори на земјите-членки на Алијансата.Како што соопшти МНР, согласно воспоставената пракса, на состанокот ќе бидат претставени постигнатите резултати во реализацијата на реформите предвидени со Акциониот план за членство на Македонија во НАТО, со акцент на политичко-економските и обранбено-безбедносните постигнувања.

Со овој состанок ќе биде затворен петнаесеттиот циклус на имплементацијата на Акциониот план за членство на Македонија во НАТО за 2013-2014 година.

Посетата на двајцата министри во Брисел ќе биде искористена и за средба со Заменик Генералниот секретар на НАТО, Александер Вершбоу
XS
SM
MD
LG