Достапни линкови

Амнести го критикува Советот за Безбедност


Амнести Интернејшанал го критикуваше Советот за безбедност на ОН поради „спектакуларниот неуспех“ да го одржи меѓународниот мир и безбедност. Во соопштението објавено по повод Светскиот ден на бегалците, организацијата побара од членовите на Советот да дејствуваат порешително за да ги заштитат цивилите. Амнести наведува дека неефикасен или одложен одговор на Советот за безбедност на конфликтите во Сирија, Ирак, и други земји ќе значи дозвола да продолжи насилството. Амнести ги осуди Русија и Кина, двете постојани членки на Советот за безбедност поради блокирање "секакви значајни акции" во Сирија, како и за нивниот мал придонес кон глобалната бегалска криза.
XS
SM
MD
LG