Достапни линкови

Авганистан - Абдула нема да ги признае изборните резултати


Авганистанскиот претседателски кандидат Абдула Абдула се закани дека нема да ги признае резултатите од изборите откако неговите обвинувања за голема измама не успеаја да го запрат пребројувањето на гласовите . Абдула побара прекин на броењето на гласовите, отпуштање од работа на првиот човек на Независната изборна комисија Зија ул-Хак Амаркхали и вклучување на ОН во надгледување на броењето на гласовите . Амркхали вчера рече дека процесот на пребројување на гласовите продолжува со авганистанските и меѓународните набљудувачи. Тој рече дека ако некој има докази за негови незоконски активности тој ќе си поднесе оставка. Прелиминарните резултати од претседателските избори што се одржаа на 14. јуни треба да бидат објавени на 2 јули.
XS
SM
MD
LG