Достапни линкови

Избрана старо-новата Влада


Седница на Собранието на Македонија за избор на нова Влада. Експозе на премиерот Никола Груевски.

Седница на Собранието на Македонија за избор на нова Влада. Експозе на премиерот Никола Груевски.

Со гласа 77 „за“ и шест „против“ Собранието ја избра новата Влада, чиј претседател е Никола Груевски.
Mинистер за одбрана e Зоран Јолевски, за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за правда Аднан Јашари, за надворешни работи Никола Попоски, за финансии Зоран Ставрески, за економија Беким Незири, за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, за здравство Никола Тодоров, за образование и наука Абдилаќим Адеми, за труд и социјална политика Диме Спасов, за локална самоуправа Љирим Шабани, за култура Елизабета Канческа Милевска, за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, за транспорт и врски Миле Јанакиески и за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.
За министри без ресор се избрани Владимир Пешевски, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Фуркан Чако, Неждет Мустафа, Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумоф, Висар Фида и Горан Мицковски.
XS
SM
MD
LG