Достапни линкови

Заев со пет барања до Груевски


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави денеска дека на престојната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе испорача пет барања. Тие се однесуваат на формирање техничка влада што ќе спроведе слободни, фер и демократски избори, одвојување на партијата од државата, регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми, допрецизирања во изборното законодавство и прецизирање на Избирачкиот список и спроведување попис. Според Заев, опозицијата нема да се врати во Собранието, иако ја прифатила поканата за средба со Груевски.
XS
SM
MD
LG