Достапни линкови

Груевски-главна цел развојот на Македонија


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Мандаторот Никола Груевски во денешното експозе пред пратениците во Парламентот изјави дека на новата Влада главна водилка ќе и биде добробитта на граѓаните, развојот на Македонија и оти за таа цел ќе работат посветено, чесно, искрено и транспарентно.
Главните приоритети, според него, ќе бидат зголемување на економскиот раст, вработеноста и унапредување на животниот стандард на граѓаните, членството во ЕУ и НАТО, неселективната борба против корупцијата и криминалот, добрите меѓуетнички односи и развој на образованието и информатичката технологија. Програмата, како што појасни Груевски е главна водилка и ќе се трудат да го реализираме ветеното, но и да го остварат она што го ветиле.Приоритети во надворешната политика, како што тој наведе во експозето, се членството во НАТО, отпочнување на преговорите и членство во ЕУ и надминување на спорот од Грција.
XS
SM
MD
LG