Достапни линкови

logo-print

Спасен истражувач заробен во пештера во Германија


Германските власти соопштија дека спасувачкиот тим успеал да го извади на површина повредениот истражувач Јохан Вестахусер, кој 12 дена беше заробен во пештерата Риесендинг. 52 годишниот Вестахусер ја повредил главата при падот и не можел сам да се искачи на површината. Околу 70 спасувачи биле вклучени во операцијата, додека тим од доктори чекал на површината. Вестахусер е еден од истражувачите кои ја открија пештерата, која е речиси 1150 метри длабока.
XS
SM
MD
LG