Достапни линкови

Започна седницата за избор на нова Влада


Започна седницата на Собранието на која треба да биде изберана новата Влада. Мандатарот Никола Груевски пред десетина дена ја достави програмата и составот на новата Влада до Собранието, откако неговата партија ВМРО-ДПМНЕ постигна договор за коалицирање со Демократската унија за интеграции. Владата, како што е наведено во програмата останува на утврдениот курс за остварување на стратешките приоритети и цели на Македонија.
Приоритети и цели на новата влада ќе бидат зголемување на економскиот раст и вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот, интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото, одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и спроведување на Охридскиот рамковен договор и инвестирање во образование, иновации и информатичка технологија, како клучни елементи за креирање на општество базирано на знаење.
XS
SM
MD
LG