Достапни линкови

Борби за контрола на рафинеријата во Баиџи, Ирак


Ирачките безбедносни сили денеска воделе битка со сунитските бунтовници за контрола на најголемата рафинерија во Баиџи, на околу 200 километри северно од Багдад. Според владини извори, ирачките сили ја превзеле контролата врз рафинеријата, но и натаму имало борби. Но, телевизија Ал Арабија прикажа видео на кое од рафинеријата се издига чад и се вее црно знаме, кое го користат милитантите на Исламската држава Ирак и Левант.
XS
SM
MD
LG