Достапни линкови

Ердоган: Воздушни напади во Ирак ќе предизвикаат многу цивилни жртви


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека евентуалните американски воздушни напади врз милитантите во Ирак можат да предизвикаат голем број цивилни жртви. Затоа, според Ердоган, САД не гледаат многу позитивно на ваквата опција. Милитантите на исламската држава Ирак и Левант се измешани со обичните луѓе и во воздушни напади би можеле да настрадаат многу цивили, изјави Ердоган во Анкара.
XS
SM
MD
LG