Достапни линкови

Обама на консултации со конгресмени за можна акција во Ирак


Американскиот претседател Барак Обама разговарал со клучните конгресмени за можната воена интервенција против сунитските бунтовници во Ирак. По состанокот, сенаторот Мич Мекконел изјави дека Обама сметал дека не е потребна согласност од Конгресот за чекорите што можеби ќе ги превземе. Вашингтон размислува за воздушни напади врз позициите на милитантите во Ирак, како можен одговор на барањето помош од ирачката влада, но засега изклучува испраќање воени сили во таа земја.
XS
SM
MD
LG