Достапни линкови

logo-print

Бајден повика на единство против ирачките бунтовници


Американскиот заменик-претседател Џо Бајден разговарал со клучните ирачки лидери и ги повикал на единство против бунтовниците предводени од Исламската држава на Ирак и Левант. Бајден, исто така ја нагласил потребата да се формира инклузивна влада по парламентарните избори на 30 април.
Белата куќа соопшти дека Бајден разговарал со ирачкиот премиер Нури ал-Малики, како и со сунитскиот ривал на Малики, парламентарниот спикер Осама ал-Нуџафи и Масуд Барзани, претседателот на ирачкиот регион Курдистан.
Американскиот претседател Барак Обама пак, ги информирал конгресните лидери за напорите да се натераат ирачките лидери да се тргнат настрана од секташките агенди, ги разгледал опции за зголемување на безбедноста и ги слушнал нивните ставови. Во меѓувреме, Ирак побара воздушна помош од САД во борбата против сунитските бунтовници. Ирачкиот министер за надворешни работи Хошјар Зебари изјави дека Багдад бара беспилотни летала со цел "да го скрши моралот" на бунтовниците.
XS
SM
MD
LG