Достапни линкови

logo-print

Шпанија го напушта Светското фудбалско првенство


Бранителот на титулата - Шпанија е исфрлена од Светското првенство. На синоќешниот натпревар во Рио де Женеиро, Шпанија изгуби 2-0 од Чиле, што беше нивниот втор пораз во Бразил. По два одиграни натпревари, Шпанија и Австралија немаат поени во групата Б и не можат да ги стигнат Чиле или Холандија кои имаат шест поени и продолжуваат натаму. Шпанија – првакот во Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2008 и 2012 година, стана третиот по ред шампион кој во последните четири светски првенства е отстранет при првата пречка. Во претходниот натпревар, Холандија ја победи Австралија, освојувајќи 3-2, а Хрватска ја победи репрезентацијата на Камерун со 4:0, Бразил има четири поени или еден повеќе од Хрватска.
XS
SM
MD
LG