Достапни линкови

Почнува судскиот процес Груевски-Заев


Лидерот на опозицијата Зоран Заев во својство на тужен од премиерот Никола Груевски најави дека денеска ќе се појави во судница на првото рочиште во Скопскиот суд. Груевски бара Заев да му плати половина милион евра за претрпената душевна болка, предизвикана од јавното обвинување дека при продажбата на Македонска банка посредувал и побарал 1,5 милиони евра во кеш од српскиот тајкун, газда Нини. На тужбата на премиерот за душевна болка и претходеше кривична пријава од опозициската СДСМ со докази, аудио снимката и сметки на кои биле префрлани пари за Македонска банка. Оваа кривична пријава скопското обвинителство за организиран криминал ја има повеќе од два месеца, но засега се нема јавно изјаснето дали прифаќа истрага или ја отфрла.
XS
SM
MD
LG