Достапни линкови

ОН загрижени за состојбата во источна Украина


Набљудувачите на ОН во источна Украина велат дека е регистриран постојан пораст на убиства, тортури и киднапирања од страна на про-руските вооружени групи. Помошник генералниот секретар на ОН за човекови права, Иван Симоновиќ изјави дека на истокот од Украина владее беззаконие. Според извештајот на ОН, околу 356 луѓе, вклучувајќи 257 цивили, се убиени од 7 мај. Извештајот исто така, наведува дека имало повеќе од 200 случаи на тортура и дека 81 лица биле затворени пред десеетина дена. Шефот за човекови права на ОН, Нави Пилај изјави дека "климата на несигурност и страв" предизвикала раселување на 34.000 луѓе, речиси половина во источните региони на Донецк и Луганск во Украина, кои прогласија независност од Киев.
XS
SM
MD
LG