Достапни линкови

Турција ги советува своите граѓани да го напуштат Ирак


Турција упати предупредување до своите граѓани во Ирак веднаш да ги напуштат сите делови од државата со исклуок на автономниот регион Ирачки Курдистан во северниот дел од државата. Во соопштението од МНР се вели дека кризата со безбедноста во Ирак продолжува да се продлабочува и достигна критично ниво кога цивили стануваат цел на напади. Тие наведуваат дека ирачки шиитски милиции се распоредени во Багдад за да го заштитат градот од напади на сунитските исламистички бунтовници кои презедоа контрола врз голем дел од северен Ирак минатата недела. Министерството тврди дека во шиитските региони на Ирак се упатуваат „неточни обвиненија“ против Турција.
XS
SM
MD
LG