Достапни линкови

logo-print

Во БиХ приведени 54 луѓе осомничени за даночни злоупотреби


Босанските обвинители соопштија дека полицијата привела 54 луѓе меѓу кои 30 цариници и даночни службеници под сомнение за корупција и организиран криминал. Властите наведуваат дека групата ја оштетила државата за околу милијарда долари од царински давачки за увоз на автомобили и текстил. Тоа е најголемата акција против корупцијата и финансискиот криминал откако БиХ е независна држава.Портпаролот на Обвинителството, Борис Грубешиќ изјави дека поранешниот директор на Управата за приходи е меѓу приведените. Тој додаде дека осомничените веројатно присвоиле милиони од нелегална дејност и оти се испитува можноста да им се конфискува имотот.
XS
SM
MD
LG