Достапни линкови

logo-print

Малики-Ирачките сили го возвраќаат ударот


Ирачкиот премиер Нури ал Малики изјави дека владините сили ја преземаат иницијативата и го возвраќаат ударот откако милитантна група поврзана со Ал Каеда ја презеде контролата врз поголем дел од северен Ирак кој е населен со сунити. Во телевизиско обраќање, Малики истакна и дека немирите го обновиле националното единство меѓу сунитите и шиитите во земјата.
Милитантите од Исламската држава Ирак и Левант напредуваа кон Багдад, но владините сили успеале да ја повратат контролата врз неколку позиции во градот Тал Афар. Во меѓувреме индиското министерство за надворешни работи соопшти дека околу 40 работници од Индија биле киднапирани во градот Мосул.
XS
SM
MD
LG