Достапни линкови

Потона брод во Малезија, пет мртви и триесет исчезнати


Брод кој пренесувал околу 100 патници потонал крај западниот брег на Малезија, при што пет лица загинале, а повеќе од 30 се водат за исчезнати. Најмалку 60 лица ја преживеале несреќата. Малезиските власти соопштија дека бродот кој пловел од Индонезија потонал околу полноќ на три километри одалеченост од крајбрежниот град Бантинг. Според нив, најверојатно патниците, меѓу кои имало жени и деца се обидувале нелегално да влезат во Малезија.
XS
SM
MD
LG