Достапни линкови

Напад на милитантите врз најголемата рафиненија во Ирак


Новинските агенции јавуваат дека сунитските милитанти денеска ја нападнале најголемата ирачка рафинерија во Баиџи, северно од Багдад. Странските работници претходно биле евакуирани од рафинеријата, но има извештаи дека таму се уште имало голем број ирачани. Милитантите од Исламската држава Ирак и Левант напредува кон Багдад, откако ја презедоа контролата врз поголем дел од северен Ирак кој е населен со сунити. Ирачкиот шиитски премиер Нури ал Малики вчера на телевизијата се појави со курдските и сунитски лидери за да испрати повик за национално единство. Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама разгледува воени опции за справување со милитантите во Ирак.
XS
SM
MD
LG