Достапни линкови

Чиле против Шпанија во битка до смрт


Светскиот првак, Шпанија денеска ќе се соочи со “самоубиствениот“ напаѓачки стил на Чиле, на Маракана во Рио Де Жанеиро, оценуваат аналитичарите, додавајки дека шпанците или ќе се вратат во игра, или ќе бидат едно од најголемите разочарувања на ова Светско првенство. Шпанија во првото коло беше декласирана од Холандија со 5:1, а Чиле ја победи Австралија со 3:1.

"За нашиот тим ова ќе биде битка до смрт", изјави напаѓачот на Чиле Естебан Паредес, додавајки дека за нив натпреварот со Шпанија е како финале, бидејки може да им обезбеди натамошен пласман.

За Холандија, пак, се смета дека ќе има лесна задача против Австралија и практично да обезбеди поминување на групата.
XS
SM
MD
LG