Достапни линкови

Во бомбашки напад во Нигерија неколкумина загинати


Седум луѓе загинале, а 15 биле потешко ранети во градот Даматуру на североистокот на Нигерија во напад на бомбаш самоубиец додека луѓето следеле пренос од натпреварот меѓу Бразил и Мексико на Светското фудбалско првенство во Бразил. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но се верува дека станува збор за групата Боко Харам, која и порано напаѓала спортски барови. Во последните неколку недели во бомбашки напади во Нигерија загинале неколку десетици луѓе.
XS
SM
MD
LG