Достапни линкови

Египет ослободи новинар на Ал Џезеира


Египет го ослободи новинарот на телевизијата Ал Џезеира Абдула Елшами кој протестираше со глад речиси пет месеци против неговото притворање.
Елшами беше приведен на 14 август во акцијата на полицијата за растурање на поддржувачите на урнатиот претседател Мухамед Морси која доведе до судири и стотици загинати.
Новинарот, според неговата фамилија, штрајкувал со глад од 21 јануари, а на 17 месецов откако се појави во полициска станица во Каиро доста ослабен обвинитиелот нареди да се ослободи од здравствени причини.
XS
SM
MD
LG