Достапни линкови

Не им даваат плата, прилепските гинеколози ја прекинаа работата


На одделот во Прилеп остануваат да работат само двајца гинеколози, откако останатите седуммина доктори кои беа ангажирани од Битола, во знак на револт поради неисплатени плати од Нова Година до денес, ја прекинаа работата.

Гинеколошкото одделени во Прилеп не може да пружи адекватна здравствена заштита на пациентките, па сега тие ќе се испраќаат за породување и лекување во болницата во Битола. Бидејќи на одделот во Прилеп остануваат да работат само двајца гинеколози, откако останатите седуммина доктори кои беа ангажирани од Битола, во знак на револт поради неисплатени плати од Нова Година до денес, ја прекинаа работата.
Ние сакавме да бидеме и хумани и толерантни, но знаете, од една страна одиме, работиме, по повеќе од 400 часа месечно, но мотивација никаква и еве се договоривме сите колеги, ако евентуално не ни ги исплатат парите, да не одиме.
д-р Гоце Чакаровски, гинеколог.

„Проблемот го имаат сондирано и Министерството и Фондот и Управата во Прилеп, укажувано им е, меѓутоа еве, ние сакавме да бидеме и хумани и толерантни, но знаете, од една страна одиме, работиме, по повеќе од 400 часа месечно, но мотивација никаква и еве се договоривме сите колеги, ако евентуално не ни ги исплатат парите, да не одиме“, вели д-р Гоце Чакаровски, еден од седумтемина гинеколози, кои од нова година до денеска не ги добиле парите за ангажманот во гинеколошкото одделение во Прилеп.

Дел пациентки во Прилеп имаат сознанија што се случува, но многу сè уште не знаат дека како и за многу други здравствени потреби и проблеми и за породувањата ќе бидат упатувани во Битола.
Овде не прегледуваат во Прилеп, затоа во Битола одиме.
Анкетирана пациентка во Прилеп.

„Овде не прегледуваат во Прилеп, затоа во Битола одиме“.

РСЕ: Така ви рекоа денеска во гинеколошкото одделение?

„Да, така ни рекоа“.

„А, бе ако треба мора да се оди, зголемен трошок, не зголемен, тоа е, ако се мора.“

Директорот на болницата Илија Богатиноски убедува дека овие, како што вели, потешкотии во работењето ќе се настојува да се надминат со наоѓање на нови кадровски решенија. Признава дека на докторите во Битола не им е исплатен долг од околу 300 илјади денари месечно или преку 24 илјади евра. Вели оваа состојба е последица на блокадата на болницата од 120 милиони денари, која и не се знае кога ќе прекине.

Пред изборите, директорката на Фондот за здравство убедуваше дека и покрај блокадата прилепската болница работи непречено.

„Она што е најбитно е да видиме дека сите здравствени услуги навремено се даваат на нашите осигуреници, без разлика дали болницата е блокирана и дали има долгови или нема долгови“, изјави директорката Маја Парнарџиева Змејкова на 15 април годинава.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG