Достапни линкови

Тероризмот можна причина за експлозија на гасоводот во Украина


Арсен Авков

Арсен Авков

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека властите ги разгледуваат причините за експлозијата на гасоводот кој поминува низ земјата, но дека најверојатно се работи за тероризам или саботажа. Според него, локалните жители слушнале две мали експлозии пред да се случи големата експлозија во близина на Доњецк и Луханск каде проруските сепаратисти се борат со украинските владини сили неколку недели.
Гасоводот транспортира околу 29 милијарди кубни метри на гас од Русија преку Словачка, Унгарија и Романија до сотанатите земји во Европа.
XS
SM
MD
LG