Достапни линкови

Експлозија на гасоводот во Украина


Во централна Украина експлодирал дел од гасоводот кој се протега од Русија до Европа, при што никој не бил повреден. Но, според Министерството за внатрешни работи пожарникарите имале тешкотии да ја стават огнената стихија под контрола. Гасоводот транспортира околу 29 милијарди кубни метри на гас од Русија преку Словачка, Унгарија и Романија до останатите земји во Европа.
Украинските власти соопштија дека не можат се уште да утврдат колку долго гасоводот нема да биде во употреба. Се уште не се знае ни причината за експлозијата. Газпром соопшти дека нема да има пречки во испораката на гас во Европа, која ќе продолжи преку паралелни цевки.
XS
SM
MD
LG