Достапни линкови

logo-print

Груевски-врвен приоритет привлекувањето странски инвестиции


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски во обраќањето на Глобалниот економски форум 2014 во Ливерпул изјави дека врвен приоритет во економската агенда на македонската влада останува привлекувањето странски инвестиции.
Груевски, како што соопшти службата за информирање на Владата им порачал на инвеститорите да ја посетат Македонија и да ја внесат земјата во анализите и размислувањата за ширење на нивниот бизнис. Но, и да разговараат со компаниите кои се веќе присутни во земјата и да го слушнат нивното искуство како најдобар гарант за овозможените добри услови.
XS
SM
MD
LG