Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун неутрален за натпреварот Русија - Јужна Кореја


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун, иако е од Јужна Кореја, вели дека ќе остане неутрален и за време на денешниот прв натпревар на таа репрезентација на Светското првенство во Бразил против Русија.

"Решив да не го гледам натпреварот, а резултатот ќе го дознаам утре", изјави Бан Ки Мун денеска во Женева.

Тој додаде дека ќе ги подржува сите репрезентации кои учествуваат на Мундијалот во Бразил, сепак додавајки дека срцето ќе му чука посилно кога ќе игра Јужна Кореја.
XS
SM
MD
LG