Достапни линкови

Судири во Пакистан, седум жртви


Најмалку седум лица загинале, а 80 биле повредени во судирите помеѓу пакистанската полиција и приврзаниците на свештеникот Тахир ул Кадри во градот Лахоре. Кадри е канадски свештеник кој е лидер на исламистичка хуманитарна организација и пакистанската Авами Техрик политичка партија.
Кадри пристигна во Пакистан во минатата година за да биде предводник на масовните демонстрации против власта и најави дека планира повторно да се врати во земјата во овој месец.
XS
SM
MD
LG