Достапни линкови

Нема континуитет поради хокеарски измени во образованието


Илустрација.

Илустрација.

За шест години ресорот образование ќе го преземе петтиот министер. Поради брзите промени во овој ресор нема континуитет во реформите, велат експертите.

Она што се случува со изборот на министри за образование во последниве влади отстапува од сите вообичени принципи за водење на ресорот за образование, коментираат експертите, поради брзите промени на министри во овој ресор. Адбулаќим Адеми, кој од Министерството за животна средина ќе ротира во образование е петиот министер за образование во владата на Груевски.
Во овој случај нашата пракса далеку отстапува од сите земји каде што дури и кога се менуваат владите, кога доаѓаат влади од други мнозинства, министерот којшто е надлежен за работите во образованието, којшто сериозно е зафатен со реформи се остава, иако не е член на доминантната партија во владината коалиција.


Поранешниот министер Ненад Новковски вели дека вообичено тоа се министерства кои имаат најголем континуитет поради природата на работата, бидејќи се работи за промени кои бавно се одвиваат и каде се бараат луѓе компетентни за таквата задача, кои, како што оценува, ги има многу малку на број за да се менуваат пречесто.

„Во овој случај нашата пракса далеку отстапува од сите земји каде што дури и кога се менуваат владите, кога доаѓаат влади од други мнозинства, министерот којшто е надлежен за работите во образованието, којшто сериозно е зафатен со реформи се остава, иако не е член на доминантната партија во владината коалиција“, вели Новковски.

Кај нас работата е обратна. Има многу министерства каде министрите остануваат долго време, како за внатрешни работи, додека во образование има многу брзи промени и тоа со личности кои со своите компетенции не одговараат на ваквите места, дополнува Новковски.
Законот за високо образование се менуваше десетина пати само по моето излегување од Министерството, тоа значи дека нешто се менува во суштината на истата работа и тоа нештата се менуваат на секои шест месеци.


„Знаеме дека во Министерството за образование и наука мора да бидат луѓе коишто се доктори на науки, коишто се упатени во проблематиката и коишто работат во институции каде што имаат големо искуство во ова подрачје“, вели Новковски.

Министерскиот стаж на дипломираниот правник Спиро Ристовски траеше само една година. Во новиот кабинет, тој ќе му биде заменик на новиот министер за образование, откако овој ресор му припадна на ДУИ. Ристовски претходно беше министер за труд и социјална политика. Пред него во владата на премиерот Груевски министри за образовани беа Перо Стојановски, Панче Кралев и Никола Тодоров кој сега е министер за здравство.

Со често менување на првиот човек во образование не може да се следи континуитет, но полошо од тоа се честите менувања на определбите во образованието, посочува поранешниот министер Сулејман Рушити.

„Во високото образование, Законот за високо образование се менуваше десетина пати само по моето излегување од Министерството, тоа значи дека нешто се менува во суштината на истата работа и тоа нештата се менуваат на секои шест месеци“, вели Рушити.

Експертите се убедени дека од честите кадровски промени корист најмногу може да има политиката.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG