Достапни линкови

logo-print

Бунтовницитe до Бакуба, на 60 километри северно од Багдад


Ирачките безбедносни сили се борат против сунитските милитанти на Исламската држава Ирак и Левант. Како што се јавува милитантите се обидуваат да се пробијат кон главниот град, Багдад.

Армијата и полицијата соопштија дека милитантите во текот на ноќта ја презедоа контролата и врз делови од градот Бакуба, на 60 километри северно од Багдад, но безбедносните сили потоа го спречиле нивното напредување.

Милитантите во меѓувреме ја превзеле и целосната контрола врз Тал Афар, град 420 километри северо - западно од Багдад. Бунтовниците на ИСИЛ ги држат Мосул, вториот по големина град во Ирак, и Тикрит, северно од Багдад.
XS
SM
MD
LG