Достапни линкови

И покрај бројните реакции од граѓаните и од стручна јавност, проектот Скопје 2014 не запира. Ако заврши, ќе треба да се сумираат сметките, односно колку вкупно пари се потрошени.

Со несмалено темпо старо-новата владина структура ги продолжува зафатите во рамките на проектот Скопје 2014, при што започнува изградбата на уште една фасада на плоштадот, барокна фасада на зградата на ЕВН, а најавено е реализирање и на одамна најавениот барокен изглед на Градскиот трговски центар. Се покажа дека проектот е отпорен на граѓанските реакции и некои од оние кои учествуваа во иницијативите за апелирање до власта тој да се стопира. Велат дека не гледаат дека тој ќе заврши и по завршувањето на 2014-тата.
Во моментот кога ќе запре луѓето ќе мора да го евалуираат проектот и да сфатат на што биле потрошени половина милијарда евра.


„Не очекувам дека проектот Скопје 2014 ќе запре дури и во 2015 година, едноставно не смее да запре, затоа што во моментот кога ќе запре луѓето ќе мора да го евалуираат проектот и да сфатат на што биле потрошени половина милијарда евра“, изјави Никола Наумоски од невладината организација Плоштад Слобода.

Во своето експозе при отпочнувањето на новиот мандат, премиерот најави изградба на инфраструктурни проекти, патишта и нови вработувања, па оттаму ова што се случува сделува како обид за манипулација, посочува аналитичарот Алајдин Демири.
Скопје 2014 е капитален проект на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски со кој тој влегол во филм дека треба да остане познат.


„Скопје 2014 е капитален проект на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски со кој тој влегол во филм дека треба да остане познат во Македонија и по неколку години во смисла на креирање македонштина, во смисла на креирање на нов Македонец, односно оној Антички Македонец и сега сите објекти од Скопје 2014 треба да бидат во оваа функција“, вели Демири.

Другиот дел од манипулацијата се состои во нетранспарентноста на трошењето на средствата за проектот, додава Демири, со што останува и нејасно колку средства би можеле да бидат употребени за инфраструктура и капитални инвестиции.

Самото тоа што власта во проектот Скопје 2014 гледа единствен свој видлив успех и симболика на нејзиното време, проектот го прави неодржлив, посочува Наумоски, според кого, тој и натаму ќе предизвикува граѓански реакции од типот на големото прегрнување на ГТЦ минатата година. Ако сè тече по планот, барокната фасада на ГТЦ треба да почне да се гради наесен.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG