Достапни линкови

Турција прави се за ослободување на нејзините граѓани во Ирак


Турција прави се што е во нејзина моќ за ослободување на киднапираните турски граѓани во Ирак, изјави турскиот вицепремиер Булент Аранч.
Во ирачкиот град Мосул минатата недела во два различни напада на џихадистичката група Исламска држава Ирак и Левант беа киднапирани околу 80 турски граѓани, возачи на камиони и вработени во турскиот Конзулат и членови на нивни семејства.
XS
SM
MD
LG