Достапни линкови

Пакистан - продолжуваат нападите во Северен Вазиристан


Пакистанските воени авиони ги продолжуваат воздушните напади врз скривалишта на осомничени милитантни во Северен Вазиристан во рамките на владината офанзива во близина на границата со Авганистан.

Пакистанската армија соопшти дека досега се убиени вкупно 187 милитанти ,меѓу кои, и 105 узбекистански борци. Радио Слободна Европа јави дека над 50.000 жители ги напуштиле своите домови во Северен Вазиристан. Околу со 10.000 биле згрижени во новиот бегалски камп во покраината Кост во Авганистан.
XS
SM
MD
LG