Достапни линкови

Германија убедливо ја победи Португалија


Германската канцеларка Ангела Меркел со фудбалерите по победата над Португалија.
Германската канцеларка Ангела Меркел со фудбалерите по победата над Португалија.
Германија синоќа убедливо ја победи Португалија со 4-0 во првиот натпревар од групата Г на Светското фудбалско првенство во Бразил. Томас Милер постигна хет-трик на натпреварот. Тој го постигна првиот гол во 12 минута од пенал. Подоцна, Португалецот Пепе доби црвен картон откако со глава намерно го удри токму Милер. Матс Хумелс го зголеми резултатот на 2-0 во 30 минута, а Милер во последните моменти од првото полувреме поентираше за 3-0. Конечниот резултат истиот играч го постави во 78 минута.

Во групата Ф, Иран и Нигерија одиграа без голови, а во последниот вчерашен натпревар од првото коло во групата Г, САД ја совлада Гана со 2-1. Американците поведоа во првата минута со голот на Демпси, Гана изедначи преку Ајеу на 8 минути пред крајот на натпреварот, но четири минути подоцна Брукс даде гол за победа на САД.
XS
SM
MD
LG