Достапни линкови

Белата куќа ја исклучува воената соработка со Иран во Ирак


Ирак.

Ирак.

Белата куќа вчера соопшти дека ја исклучува воената соработка меѓу САД и Иран во Ирак. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, ова го наведе во соопштение до јавноста, откако државниот секретар Џон Кери претходно изјави дека Вашингтон ја остава отворена можноста за соработка.

Ернест во соопштението наведува дека со иранскиот режим нема да разговараат за воена координација.

„Ние не сме заинтересирани за какви било напори за координација на воените активности со Иран“, се наведува во соопштението.

По изјавите на Кери, и Пентагон соопшти дека нема намера или планови да ги координира воените активности со Техеран кој ги поддржува шиитските милиции во Ирак, кои им се придружија на ирачките владини сили во борбите против сунитските милитанти од терористичката организација Исламска држава Ирак и Левант. Портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки изјави дека Вашингтон смета оти е корисно Ирак да се потпре на иранските сили.
XS
SM
MD
LG