Достапни линкови

logo-print

Русија достави нова нацрт резолуција до ОН за Украина


Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин.

Русија достави нова нацрт резолуција до ОН во обид да добие поддршка од поделениот Совет за безбедност за решавање на хуманитарната ситуација и ексалираниот конфликт во источна Украина меѓу сепаратистите и владините трупи.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин вчера изјави дека предлог-резолуцијата вклучува делови од две поранешни резолуции со кои се бара хуманитарна помош, прекин на огнот и национален дијалог во Украина.

Таа исто така вклучува неколку прашања покренати од страна на членовите на Советот, како што се повикување на суверенитетот на Украина, независност и територијален интегритет.

Русија, која моментно претседава со Советот најверојатно ќе се соочи со тешки противења за резолуцијата, заради нејзината улога во отцепувањето на Кримскиот полуостров од Украина. САД и НАТО ја обвинија Русија дека обезбедува оружје за проруските сепаратисти на Украина.
XS
SM
MD
LG